ЗабаваПатувања

5 природни чуда на Балканот кои треба да се посетат според „Forbes“

Американскиот магазин „Forbes“ го смести Националниот парк Тара меѓу петте природни чуда на Балканот кои треба да се посетат.

„Околу четири часа возење југозападно од Белград, постои оаза на недопрена природна убавина во облик на Национален парк Тара“, пишува „Forbes“ издвојувајќи дека ова подрачје е прекриено со огромна количина на недопрена борова шума, елки и смреки и дека постои богатство на културни балкански видови кои успеваат во неговата внатрешна граница.

 

„На источната периферија на паркот се наоѓаат некои фасцинантни историски реликти како манастирот Рача од 11-ти век“, пишува американскиот магазин.

Како што велат, љубителите на животните таму ќе можат да видат рис, волци и соколи, а кога станува збор за мечките не постои подобро место за разгледување на тој национален парк.

Покрај Тара, на оваа листа се наоѓаат и Националниот парк Уна во Босна и Херцеговина, Националниот парк Пирин во Бугарија, Националниот парк Керкини езеро во Грција и Валона во Албанија.

Тагови

Поврзани вести