Македонија
Почна пријавувањето за највисокото спортско признание во Македонија

Министерството за спорт денеска (30 април 2026) го објави конкурсот за доделување на државната награда „8 Септември“ за 2026 година, врз основа на одлука на надлежниот одбор за признанија во спортот.
Оваа награда претставува највисоко државно признание за спортски достигнувања и се доделува на спортисти, тренери и спортски работници за нивниот придонес и резултати, врз основа на предлози од националните спортски федерации.
Во текот на една година може да се доделат најмногу пет награди – една за животно дело и четири за поединечни остварувања.
Номинациите за животно дело ги поднесуваат матичните федерации, со поддршка од најмалку десет други национални федерации, при што една федерација може да поддржи најмногу три кандидати.
Кандидатите треба да приложат документација со која се потврдува нивниот придонес во развојот на спортот и афирмацијата на Македонија на меѓународно ниво, како и потврда дека номинацијата е одобрена од управниот одбор на соодветната федерација.
Доколку кандидатот веќе има стекнато национално спортско признание според важечките прописи, неговата кандидатура нема да се разгледува повторно.
Наградата за животно дело подразбира доживотен месечен надомест во висина на просечната плата во последните три месеци, додека еднократните награди изнесуваат десет просечни плати.
За овие признанија можат да аплицираат поединци, клубови, федерации и други организации од спортската дејност.
Конкурсот ќе биде отворен до 28 мај 2026 година.



