Клима

Метео: Од утре врнежи и посвежо време во Македонија

Под влијание на изразено студен атмосферски фронт кој во четврток ќе се спушти од север, времето во Македонија ќе стане значително понестабилно и посвежо.

Се очекуваат врнежи од дожд низ целата земја, кои на моменти ќе бидат пообилни, со количини од 10 до 15 литри на метар квадратен, а локално и до околу 20 литри.

Со падот на температурите, на повисоките предели ситуацијата ќе се промени – на планините над 1100 метри дождот ќе премине во снег, при што ќе започне формирање на снежна покривка.

Оваа промена ќе донесе типично нестабилно време за крајот на април, со изразено заладување особено во планинските региони.

Тагови

Поврзани вести