ЕКО производиЗабава

Оро што произведува струја? Македонски иновациски тим со необична „зелена“ иновација

Необично истражување на млад тим од Македонија привлече внимание во јавноста, откако тие тврдат дека традиционалното оро Тешкото може да се користи како извор на енергија за рециклирање.

Според нив, преку специјални подни плочи поставени под играорците, механичката енергија од чекорите се претвора во електрична. Таа енергија потоа наводно се користи за напојување на мали машини за селекција и дробење на пластичен отпад.

Тешкото не е само културно наследство – тоа е ритам со потенцијал за одржлива енергија,“ велат од тимот.

Во пилот-тестирање, наводно било постигнато доволно производство на енергија за да се активира мини рециклажен систем во реално време, додека група од 20 луѓе играле оро околу 40 минути.

Проектот, според нив, има потенцијал да се користи на фестивали, јавни настани и плоштади, каде движењето на луѓето би се претворало во корисна енергија.

Интерес веќе покажале и неколку регионални организации кои работат на одржлив развој, а идејата се разгледува и како дел од иновативни „зелени градови“.

Априлили!

Тагови

Поврзани вести