Култура
„Западен експрес“ утре премиерно на сцената на Македонски народен театар

Претставата „Западен експрес“ работена по текст на романскиот автор Матеј Вишњек, во режија на Јари Јутинен премиерно ќе биде изведена утре на сцената на Македонскиот народен театар.
По тој повод денеска во малата сала на Македонскиот народен театар ќе се одржи прес-конференција.
Претставата е копродукција меѓу МИ Филм, Sadsongskomplex:fi и Македонскиот народен театар.
Во претставата играат Ивица Димитријевиќ, Мирјана Трпковска Костовска и Васко Костовски. Сценографијата и костимографијата се на Кристина Божурска, а музиката ја потпишува Јане Трајковски.



