Забава

Том Вејтс се враќа по 15 години со нова песна

Легендарниот музичар Tom Waits по пауза од 15 години се враќа со нова песна – „Boots on the Ground“, мрачна антивоена композиција создадена во соработка со Massive Attack.

Станува збор за силна критика на војните и политичките одлуки што стојат зад нив, при што Вејтс во текстот се осврнува на младите војници и одговорноста на оние што ги испраќаат во конфликти. Во песната вокално се појавува и неговиот син, Кејси.

Нумерата е објавена на стриминг платформите заедно со видео изработено од Massive Attack, кое преку фотографии прикажува современи општествени тензии и протести во САД.

Песната ќе биде достапна и на винил издание, а приходите од продажбата ќе бидат донирани за организации како ACLU и Immigrant Defense Project.

Вејтс изјави дека проектот настанал во турбулентно време, додека од Massive Attack посочија дека песната е реакција на растечкиот авторитаризам и милитаризацијата.

Ова е негово прво ново издание по албумот Bad as Me од 2011 година, а паралелно работи и на филмски проект со режисерот Мартин Макдона.

Тагови

Поврзани вести