Македонија

ДЕВЕТ години од пучот во Македонија

Како финиш на безобразието – Апелација неодамна донесе одлука дека нема основа и докази за нов, овој пат фер судски процес околу настаните на 27 април. И ден-денс, невините жртви осудени во политичко судски монтиран процес за непостоен тероризам остануваат виновни за нешто што не го сториле.

Настаните од Упадот во Собранието на Македонија на 27 април 2017 остануваат една од најдлабоките и најтемни политички рани во поновата историја на државата, со последици што и денес силно се чувствуваат во политичкиот живот и јавниот дискурс. Судскиот процес и пресуди пак се најцрното петно во македонската понова историја, вистински и неизбришлив резил за државата и правосудниот систем.

На 27 април 2017 година, група демонстранти, кои станаа познати како Уставобранителите, влегоа во Собранието откако парламентарното мнозинство (кое не беше мнозинство) незаконски, неуставно и вон деловникот го избра Талат Џафери за претседател на законодавниот дом. Дел од нив беа поврзани со движењето „За заедничка Македонија“, испровоцирани до државниот пуч кој се случуваше пред очите на сите во државата. Се изгласа претседател на собрание без доволен број гласови, се пееше албанската химна во македонскиот законодавен дом, се силуваше државата.

Во инцидентите беа повредени над 100 лица, меѓу кои и тогашниот лидер на СДСМ Зоран Заев, најголемиот потпалувач на ситуацијата од 27 април, лик кој најмногу поентираше од се’. Најстрашно е што народот кој упадна во собранието беше во право, ништ не беше исто по ова политичко безобразие, Македонија најмалку. Ова е владата која за само два месеци потпиша еден капитулантски договор со Бугарија и за година уште покапитулантски во Нивици со Грција. Влада која треба да одговара за серија велепредавства.

Упадот беше кулминација на политичката криза што започна во 2015 година, шарената дееволуција која од луѓето-учесници направи мајмуни, а од државата протекторат, криза поврзана со лажни обвинувања за корупција и измислена злоупотреба на власта, СЈО и апашката Јанева, Пржиснки влади и какви ли не амабсадорски притисоци.. По изборите во 2016 година, неуспехот да се формира влада и блокадите во парламентот дополнително ја продлабочија кризата.

Изборот на Џафери каде се гласаше со две раце за да се пополни недостигот на гласови беше моментот на ескалација, по што протестите прераснаа во насилство. Реториката во јавниот простор во тој период, Тиранската платформа и изјавите на Заев и Села дополнително ја подгреа тензијата.

По настаните следеше обемна наместена истрага. Десетици лица беа обвинети за „терористичко загрозување на уставниот поредок“, а во 2021 година дел од нив добија затворски казни. Сепак, процесите беа проследени со политички контроверзии и обвинувања за селективна правда. Ова беше најмонтираниот судски случај во историјата на Македонија, со рочишта за Гинисова книга на рекорди, аздис на кацарска, поголем од Русковска.

Случајот беше користен за заплашување на сите оние кои беа против октроираната власт на Заев и школску пример на показна вежба „еве што ќе ви се случи ако сте против Заевц“ и најбитно, катализатор на страв кој одигра клучна улога во предваството и промената на името на државата.

Нјаголема пизма предизвика аменстијата н апратениците кои гласаа и за уставните измени, меѓу нив и „отворачите“ на собраниските порти, без кој чин ништо и немаше да се случи.

Судијката која ги судеше скандалозно беше наградена со позиција во Уставниот суд, а обвинителката призна дека се било местенка со нарачка, со избор на обвинети за побрзо завршување на процесот. Кацарска и Русковска…

Како финиш на безобразието – Апелација неодамна донесе одлука дека нема основа и докази за нов, овој пат фер судски процес околу настаните на 27 април.

И ден-денс, хероите осудени во политичко судски монтиран процес остануваат виновни за бранењето на Македонија!?

Тагови

Поврзани вести