Култура

Македонскиот балет гостува во Германија, Холандија и Белгија

Македонскиот балет во периодот од 26 април до 11 мај 2026 година ќе оствари меѓународна турнеја низ Германија, Холандија и Белгија.

На престижни европски сцени ансамблот ќе настапи со балетските класици „Лебедово езеро“ и „Жизел“ – дела што ја истакнуваат естетиката, емоцијата и високото ниво на изведба.

Со ова гостување, Националниот балет уште еднаш ја афирмира македонската култура надвор од земјата, потврдувајќи го својот уметнички капацитет и професионален пристап.

Тагови

Поврзани вести