Македонија

Уапсен поранешениот претседател на ФФМ поради сомнежи за проневера

Скопското јавно обвинителство потврди дека е приведено лице во рамки на истрага за сомнежи за финансиски злоупотреби, а според неофицијални информации станува збор за поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Мети Сејдини.

Од Обвинителството информираат дека лицето е лишено од слобода од страна на полициски службеници, поради сомнежи за сторени кривични дела – проневера и злоупотреба.

Во моментов, по наредба на јавен обвинител, се преземаат дополнителни истражни дејствија, а повеќе информации ќе бидат соопштени по нивното завршување.

Според неофицијални извори, случајот се однесува на наводна злоупотреба на околу 700.000 евра, средства кои биле наменети за изградба на трибина во Охрид и добиени од UEFA.

Сомнежите, како што се наведува, излегле на виделина по промените во раководството на федерацијата, по што случајот бил пријавен во надлежните институции.

Тагови

Поврзани вести