Македонија
Јане Ченто денеска со прес-конференција пред Обвинителството

Јане Ченто најави прес-конференција што ќе се одржи денеска во 12:00 часот пред Основното јавно обвинителство, на која ќе информира за поднесување кривична пријава против поранешен јавен обвинител.
Според најавата, ќе бидат презентирани детали и аргументи поврзани со постапките за настаните од 27 април, при што ќе се образложи и иницијативата за утврдување одговорност.
Ченто посочува дека ова е почеток на процес насочен кон расчистување на сите околности околу судските случаи поврзани со 27 април, а воедно најави и обраќање во име на лицата опфатени со постапките.



