Македонија

Внимавајте: изменет сообраќај поради спортски настан

Во недела, на 26 април, во Скопје ќе се одржи меморијалната дуатлон трка „Меморијал Ѓоко Кузмановски“, информираат од МВР.

Настанот ќе се реализира во периодот од 09:00 до 13:30 часот, а стартот и целта ќе бидат поставени пред СЦ „Јане Сандански“. Трасата ќе опфати делови од булеварот „АСНОМ“ и улицата „Васко Карангелевски“, во правец кон булеварот „Србија“ и пристапот кај „Мајчин дом“.

Поради одржувањето на трката, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим, при што возилата ќе се пренасочуваат по околните улици.

Од полицијата апелираат граѓаните да ги почитуваат упатствата и наредбите на службените лица на терен.

Тагови

Поврзани вести