Забава
ХОТЕЛ СО 0 ЅВЕЗДИЧКИ ВО КОЈ СОБИТЕ СЕ БЕЗ ПРОЗОРЦИ, ВРАТИ И ПОКРИВ

Хотелот „Null Stern“ е дело на концептуалните уметници Френк и Патрик Риклин чија главна цел беше да ги запознае луѓето со природните убавини на швајцарските Алпи, но на еден сосема поинаков начин.
Во директен превод, Null Stern е всушност хотел со 0 sвездички каде собите немаат прозорци, врати и покрив.
Кога овој хотел „се отвори“ во 2016 година, имаше неколку соби како што се апартманите „Schwendi“, „Stump“ и „Burst“ кои се лоцирани на околу 1.200 метри надморска височина во кантонот Св. Гален.
Просториите беа многу флексибилен опис за изградени постаменти со двоен кревет и придружни ноќни шкафчиња среде планина.
Во нивна непосредна близина има колиба со тоалет што гостите можат да го користат, но и батлер што ги исполнува барањата на гостите.
За оваа авантура, се наплаќало и до 200 евра една ноќ, и имаше и една огромна листа на чекање.
Хотелот „Null Stern“ во моментов е без работа, но за ова лето се подготвува еден вид „спин-оф“ хотел со соби без покриви и sидови, кој ќе вклучува уште поголем број на локации во Швајцарија, наречени „Zero Real Estate“.