ЕкономијаМакедонија

Денес почнува 25. Годишна конференција на Македонската берза во Охрид

Во Охрид денеска започнува 25. Годишна конференција на Македонската берза, еден од позначајните домашни настани посветени на пазарот на капитал, инвестициите и финансискиот сектор.

Јубилејното издание ќе трае до 23 септември, а ќе собере претставници на финансиски институции, банки, инвестициски и пензиски фондови, котирани компании, брокерски куќи, регулатори и експерти од земјата и регионот.

Официјалниот прием е предвиден за денеска, додека главната конференциска програма ќе се одвива во хотелот „Метропол“ во Охрид.

Во фокусот на конференцијата ќе бидат актуелните состојби и иднината на пазарот на капитал, инвестициските можности и предизвиците со кои се соочуваат финансиските пазари.

Годишната конференција на Македонската берза низ годините се позиционираше како место за средба на домашната инвестициска и финансиска заедница, но и за размена на искуства со учесници од регионалните пазари.

Јубилејното 25. издание доаѓа во период кога интересот за различни форми на инвестирање, движењата на каматните стапки и развојот на домашниот пазар на капитал се сè позначајни теми и за компаниите и за индивидуалните инвеститори.

Конференцијата завршува на 23 септември.

Тагови

Поврзани вести