Природа

Беа останати само пет: Птицата спасена од исчезнување денес повторно брои стотици единки

Црниот робин од Нов Зеланд, птица која во 1970-тите била на работ на целосно исчезнување со само пет преостанати единки и еден пар способен за размножување, денес брои околу 350 возрасни птици. Денес, 21 септември, беше прогласен и за „Птица на годината 2026“ во Нов Зеланд.

Целата денешна популација е поврзана со една женка наречена Old Blue, која со мажјакот Old Yellow била последната надеж за видот. Научниците започнале необична програма во која јајцата на црниот робин им биле давани на други видови птици да ги инкубираат и да ги одгледуваат младенчињата. Методот успеал и популацијата постепено почнала да се обновува.

Денес птицата живее само на Чатамските Острови, околу 800 километри источно од Нов Зеланд, на две заштитени островски подрачја без внесени предатори. И покрај спектакуларното враќање, видот сè уште се смета за загрозен.

Тагови

Поврзани вести