Вести

Kралскиот цвет кој го смирува умот

Хортензијата потекнува од Јапонија и била украс на многу царски палати, а со текот на времето станала омилено растение ширум светот, пред сè поради нејзиниот раскошен и софистициран изглед, како и нејзините божествени бои.

Покрај изгледот што претставува одмор на очите и го разубавува ентериерот во станот или градината, хортензијата е растение за кое се тврди дека го смирува умот. Може да се најде во над 60 варијации. Една од нејзините неверојатни карактеристики е што таа може да ја промени бојата, па затоа е наречена и камелеон меѓу цвеќињата.

Хортензијата е повеќесезонска билка и може да вирее 4 години со соодветна нега и грижа и да порасне меѓу 50 до 150 сантиметри.

Латинското име за оваа убавица е Hydrangea, што во превод значи резервоар на вода, што укажува на тоа дека ова растение бара многу полевање.

Најважното нешто што треба да знаете кога одгледувате хортензија е дека ова растение претпочита влажни места и бара многу вода. Ако сакате да добиете посветла нијанса на цветовите, засадете ја во почва со помалку киселост, и ако, сепак, сакате да добиете цвеќиња со интензивна сина или розова боја, во покисела почва. Класичната или белата хортензија, која е меѓу најпопуларните, исто така бара помалку кисела почва. Важно е да се додаде дека кога садите хортензија, а тоа да не е во цреп, да избирате место кое е осојно во поголемиот дел од денот, затоа што ова растение не толерира долги периоди на изложеност на силно сонце, затоа што така не му останува нему потребната вода.

Секогаш наводнувајте го кога температурата ќе се спушти, во вечерните часови или рано наутро. Покрај класичното наводнување, прскате ги лисјата и цветовите со вода, бидејќи така тие ќе изгледаат посвежи и побујни.

Следете ги овие совети и сигурно ќе имате кралска градина или тераса, а ќе можете да си поиграте со комбинацијата на бои од ова божествено украсно растение.

 

извор:кафепауза.мк

Тагови

Поврзани вести