Свет

Хрватска прво со закон го олесни движењето на отпадот, а сега ја плаќа цената: Кој ќе одговара за донесувањето на законт?

Аферата со илјадници тони нелегално одложен отпад во Хрватска отвора прашање што веќе не може да се сведе само на компаниите и поединците кои го носеле отпадот. Што правела државата и зошто претходно биле отстранети дел од контролните механизми?

Во 2019 година, за одредени прекугранични пратки била укината обврската инспекцијата да биде известена три работни дена однапред. Со Законот за управување со отпад од 2021 година, пак, престанала обврската за упис во посебниот регистар на увозници и извозници за отпад што не подлежи на постапка за претходна нотификација. Министерството потврдува дека овие административни обврски биле укинати, но тврди дека контролата и инспекциските овластувања останале и дека законските измени не ја предизвикале аферата.

Сепак, денес Владата предлага токму значително построга контрола: GPS следење на возилата што превезуваат отпад, непрекинат видеонадзор на локациите, можност за задржување сомнителни пратки и засилен инспекциски надзор. Официјалното образложение е дека треба да се зголеми следливоста и да се затвори просторот за незаконско постапување со отпад.

И тука е суштинското прашање: ако системот досега бил доволно строг, зошто сега мора драматично да се заострува?

Државата денес санира нелегални депонии во Госпиќ и низа други места, а само за една фаза од санацијата во Госпиќ била проценета јавна набавка од 4,7 милиони евра.

Кривичната одговорност е работа на истрагата и судовите. Но политичкото прашање останува: кој ја презема одговорноста за законската рамка и контролниот систем што не успеале навреме да спречат вакво трупање отпад?

Владата сега ги заострува правилата. Но отпадот е веќе таму, а цената за институционалните пропусти допрва се пресметува.

Тагови

Поврзани вести