Свет

Тивко исчезнување во Европа: Секој деветти вид молец е загрозен

Првата сеопфатна Европска црвена листа на молци покажа дека речиси 11% од европските видови се загрозени од исчезнување, а во рамките на ЕУ процентот се приближува до 12%. Проценети се дури 3.082 видови, соопшти Европската комисија.

Молците често остануваат во сенка на пеперутките, но имаат важна улога како опрашувачи и како дел од синџирот на исхрана. Најголеми закани се уништувањето и менувањето на живеалиштата, климатските промени, интензивното земјоделство, пестицидите, загадувањето и вештачкото осветлување во текот на ноќта.

Особено загрижува што за околу една четвртина од видовите нема доволно податоци за реално да се процени нивната состојба. Еден вид од Азорските Острови, Eupithecia ogilviata, веќе е класифициран како исчезнат

Тагови

Поврзани вести