Живот

Пронајден организам што преживува температура од 70 степени

Научници открија нов вид амеба во топлите извори на националниот парк Ласен во Калифорнија, која поставува нов рекорд во отпорност на високи температури кај организмите со сложени клетки. Откритието ги поместува досега познатите граници на животот во екстремни услови.

Новиот организам, наречен Incendiamoeba cascadensis, може да се размножува на температура до 63 Целзиусови степени, останува активен на 64 степени и може да закрепне дури и по изложување на температура од 70 степени.

Истражувањето, објавено во научното списание „Cell“, го спровеле биолози од Универзитетот Сиракјуз во САД. Научниците утврдиле дека амебата поседува посебни механизми за заштита и обновување на ДНК, кои ѝ овозможуваат да преживее во услови смртоносни за повеќето сложени организми.

Откритието отвора нови можности за истражување на животот во екстремни средини, вклучително и потенцијалните услови за постоење живот на други планети.

Извор: Ројтерс

Тагови

Поврзани вести