Патувања

За момент да избегаме од реалноста – 20-те најубави острови на светот

Познатиот магазин за патување, „Conde Nast Traveller“, како еден од најважните во светот, секоја година организира „Conde Nast Traveller Readers’ Travel Awards“, а овој пат настанот е одржан во Лондон.

За време на доделувањето на наградите, читателите на овој славен магазин имаат прилика да гласаат за своите омилени туристички компании, авиокомпании, дестинации, спа центри и хотели.

Грчките острови оваа година ја земаа титулата за најубави во светот, бидејќи повеќето читатели биле воодушевени од нивната убавина. Фасцинацијата не се однесува само на познатите острови како што се Миконос и Санторини, туку и оние помалите, речиси сокриени.

На топ листата покрај грчките острови се нашле уште 19 дестинации, кои може да ги погледнете во продолжение.

1. Грчките острови

2. Балеарските Острови

3. Малдиви

4. Хаваи

5. Бали

6. Маврициус

7. Сицилија

8. Сејшели

9. Свети Вартоломеј

10. Света Луција

11. Кох Самуи

12. Јамајка

13. Барбадос

14. Антигва

15. Големиот Корален Гребен

16. Капри

17. Сардинија

18. Малта

19. Куба

20. Ломбок


Тагови

Поврзани вести