Македонија

„Засукај ракави“ – Еколошка акција за чистење на Паркот на природата „Езерани“

Во понеделник (14 септември) од 10 часот ќе биде организирана еко-акција за чистење на Паркот на природата „Езерани“ во околината на Ресен.

Акцијата е наречена „Засукај ракави“ а ја организира бендот „Реприза“ со поддршка на Македонско Еколошко Друштво, Општина Ресен и ЈКП Пролетер.

„Оваа акција ја организираме за да се види која е суштината на „Засукај Ракави“. Со ова мото не значи дека треба еднаш во годината да се направи акција на која ќе броеме колку вреќи ѓубре сме собрале. Туку нашите ракави треба да останат засукани во текот на целата година и на денот на екологијата, да славиме затоа што планетата ни е чиста. Можеби оваа акција нема да направи промена кај секого. Некои луѓе не се свесни за отпадот. Некои се свесни но тоа не им пречи затоа што се навикнале на сликата да се гледаат лименки, отпушоци и лушпи на земјата. Но ние „Реприза“ веруваме дека секој човек може да се подобри. Ајде заедно да ги засукаме ракавите и така да останат се додека загадуваме“, стои во најавата за еко акцијата на Фејсбук.

Бројот на учесници на еко-акцијата е ограничен, а бидејќи чистењето ќе биде надвор од Ресен, за заинтересираните е обезбеден организиран превоз до локацијата за кој можат да се пријават на следниов ЛИНК.

Организаторите повикуваат сите оние кои не можат да се пријават да бидат дел од акцијата да се вклучат во акцијата преку чистење на ѓубрето пред нивните домови, фирми или пак плажите на кои одат.

Тагови

Поврзани вести