Свет

Во пожар во Франција изгореа 6.800 хектари, а евакуирани се 10.000 лица

Франција се бори со огромен шумски пожар во регионот Ландирас надвор од Бордо, изјави претставникот на противпожарната служба Грегори Алион. „Би рекол дека пожарот во Ландирас е од мега-размер. Тоа е чудовиште“, нагласи Алион, пренесуваат француските медиуми.

Шумските пожари на почетокот на неделата го зафатија регионот Жиронд во близина на Бордо на југозападниот дел на Франција, каде што уништија куќи и предизвикаа евакуација на 10.000 жители. Пожарите кои уништија околу 6.200 хектари се проширија и во соседниот регион Ланде.

Франција, како и остатокот од Европа, се бори со неколку топлотни бранови и најлошата суша забележана во текот на летото. Активни се десетици пожари низ целата земја.

Тагови

Поврзани вести