Македонија

Метео: Дожд и грмежи во новата седмица, температурите остануваат пролетни

Во текот на новата седмица, од 14 до 19 април, времето во Македонија ќе биде под влијание на циклонска активност со центар над Џеновскиот залив, што ќе донесе променливи и нестабилни временски услови.

Се очекуваат повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поинтензивни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, особено изразен долж Повардарието, најмногу во првите денови од неделата.

Во Скопје и околината времето ќе биде слично – променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за ретки грмежи, како и засилен ветер во одделни периоди.

Температурите ќе останат во рамки на пролетните вредности. Утринските ќе бидат над нулата, додека дневните ќе се движат меѓу 16 и 22 степени. Во Скопје максималната температура ќе достигне околу 22 степени.

Тагови

Поврзани вести