Економија
Истрага во ЕУ за можно ограничување на пазарот на чоколади

Европската комисија започна истрага против неименуван производител на чоколадни бомбони, спроведувајќи ненајавени инспекции во две земји членки на Европската унија.
Од Европска комисија соопштија дека постои сомневање за прекршување на правилата за конкуренција, односно можни договори што го ограничуваат пазарот и злоупотреба на доминантна позиција.
Истрагата се фокусира на потенцијално ограничување на трговијата меѓу земјите членки, како и на можни пречки во снабдувањето на одредени пазари. Според Брисел, ваквите практики би можеле да доведат до нарушување на слободната конкуренција во рамки на Унијата.
Од Комисијата нагласуваат дека инспекциите се само почетна фаза од постапката и дека не значат автоматски дека компанијата ги прекршила прописите.
Засега не е утврден рок за завршување на истрагата, а повеќе детали не се соопштени.



