Македонија

Метео: Променливо облачно со локални врнежи, температура до 21 степен

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд се очекува во текот на денот, информира УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а максималните дневни температури ќе се движат од 15 до 21 степен.

Најниски температури утрово се измерени на Попова Шапка (4°C), Крушево (6°C) и Лазарополе (7°C), додека 10 степени се регистрирани во Тетово, Охрид, Куманово, Штип, Велес, Кавадарци и Струмица. Најтопло утрово било во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија и Гевгелија со 11 степени.

Во изминатите 24 часа наврнале најмногу врнежи во Битола – 11 литри на метар квадратен, во Претор 10, а во Тополчани 8. Помали количества се регистрирани во Крушево, Охрид, Кавадарци, Скопје-Петровец, Велес, Струмица, Берово, Куманово, Штип, Демир Капија, Гевгелија и Попова Шапка.

Снежна покривка од 13 сантиметри е измерена само на Попова Шапка.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд, со слаб до умерен југоисточен ветер и максимална температура до 20 степени.

Тагови

Поврзани вести