Македонија
Апликацијата StopKorona достапна на мобилен
Апликацијата StopKorona од денеска е достапна на сите телефони, соопшти министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски.
Тој апелираше до сите граѓани што побрзо да ја симнат апликацијата за да дадеме придонес во стопирањето на ширењето на корона вирус.
– Со неа помагаме на здравствените работници, но и на епидемиолозите. Одговорно тврдиме дека таа ги штити личните податоци. таа не користи податоци за граѓанинот, нема име и презиме на оние кои ја користат. Ако се најдат два мобилни телефони во близина, единствено се активира кодот, а нему му е потребен само бројот на мобилниот – рече Манчевски.
Податоците ги собира сервер во здравствениот систем и никој нема пристап до нив.
На корисниците на андроид телефони при вклучување на блутут, ќе им биде побарана локација, но не користи лични податоци.
Апликацијата од вчера може да се најде на GoogleApp, а веќе, без најава ја симнале повеќе од 5.000 граѓани.