Пребројале 61, колонија на царски пингвини, 11 повеќе од она што се сметало дека ги има. До вакви охрабрувачки резултати, изтражувачите дошле со помош на снимки од Европскиот Сентинел-2 сателит, кој се користи за снимање промени на ледот. Инаку, царскиот пингвин се пари и населува во зафрлени предели, каде температурата може да достигне и минус 50 степени Целзијусови. Географот и еден од авторите на студијата, Питер Фритвел, новите податоци ги дефинирал како добра вест, но сепак додал дека новите колонии пингвини и натаму се мали по број на единки. Експертите предупредуваат, дека поради глобалното загревање, до крајот на 21. век, бројот на пингвини може да се намали за дури 30 отсто.