Едукација

Петиција за дислоцира на депонијата кај Бари

Граѓански активисти во Кочани ќе собираат потписи за дислокација на градската депонија кај селото Бели. Два месеца интензивно се пали депонијата, а чадот се шири во Кочани и низ селата во овој регион. Граѓаните на протестот порачаа дека треба да се стави под контрола загадувањето на воздухот од депонијата.

Жителите на кочанското село Бели велат дека живеат како во гасна комора, штом ќе почне да чади депонијата веднаш ги затвараат прозорците, за да не го дишат загадениот воздух, а мештаните веќе имаат и здравствени проблеми.

Од граѓанските здруженија велат дека битката со загадениот воздух во Кочани е неколку години, една битка е добиена со фабриката Пејпер мил, но оваа со депонија трае веќе неколку години.

Кочанското јавно претпријатие Водовод неколку пати има реагирано до Министерството за внатрешни работи и Центарот за социјални работи, за граѓаните кои живеат на депонијата.  Решението за оваа депонија која секојдневно го загадува воздухот на граѓаните во Кочани е изградба на современа депонија  во светниколското село Мечкуевци

Тагови

Поврзани вести