
Во организација на Здружението за еколошко одржлив развој „Зелен институт“ денеска со почеток во 11 часот во салата за состаноци на Општина Кавадарци ќе се одржи Регионален форум на Вардарскиот плански регион посветен на одржлив третман на биоотпадот.
Форумот е дел од проектот „Нула биоотпад: Системски промени во партнерство со граѓаните“ чија цел е унапредување на управувањето со биоотпадот и придонес кон развој на општини со „нула отпад“, преку намалување на загадувањето и ризиците од пожари, поефикасно искористување на ресурсите и поттикнување на циркуларната економија.
Организаторите најавуваат поздравни обраќања од градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и претставник на Министерството за животна средина и просторно планирање. Форумот ќе го модерира техничкиот експерт Ана Петровска, додека презентации ќе одржат Наталија Бургиева и Аријан Тоска.
На настанот се поканети градоначалници и директори на јавни комунални претпријатија од деветте општини во Вардарскиот регион, како и претставници на институции, индустрија, земјоделски и шумски стопанства, стопански комори и медиуми.
Во рамки на форумот ќе биде презентирано базично истражување за управување со биоотпад, кое опфаќа мултисекторски анализи и предлог-модели за технолошки, финансиски и институционални решенија
Преку дискусија со учесниците ќе се изберат најсоодветните опции што ќе послужат како основа за изработка на пред-физибилити студија за понатамошна иОрганизаторите најавуваат поздравни обраќања од градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и претставник на Министерството за животна средина и просторно планирање.мплементација.



