ВестиМакедонија

Од понеделник доаѓа до заладување на времето

До крајот на денешниот неделен ден ќе продолжи релативно топлото и спарно реме како и транспортот на пустинска прашина и песок а токму поради ова и атмосферата ќе биде значително заматена а времето освен спарно ќе биде и доста мачно.

Ќе има значителна облачност а има услови и за слаб локален дожд.

Ќе дува умерен, на повеќе места повремено засилен ветер од источен и од југоисточен правец додека маскималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени меѓутоа вечерва и во текот на ноќта кон утрешниот ден (понеделник) поради продор на малку посвежа воздушна маса од север ќе бележат тенденција на опаѓање па така минималните температури утре 9понеделник) ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 13 степени додека маскималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.

Утре (понеделник) најпрво на запад а потоа на исток ќе има локални врнежи од дожд кој сепак најзастапени ќе бидат на истокот од државава.

НАПОМЕНА: И натаму продолжува транспортот на прашина и песок од Сахара кон нашата територија па така таму каде што ќе има повремени врнежи истите ќе бидат многу помешани со пустинска прашина и песок што значи дождот ќе биде многу нечист а и времето ќе биде релативно спарно и покрај освежувањето.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Тагови

Поврзани вести