Вести
Килиманџаро гори веќе три дена: Пожарникарите се борат со огнот на висина од 6 илјади метри

Танзаниските пожарникари веќе трет ден по ред се обидуваат да го сопрат пожарот на Килиманџаро на околу 6 илјади метри надморска височина, соопштија локалните власти.
Силниот ветер само ја влошува ситуацијата, а погодени се одморалишта за алпинисти на највисоката планина во Африка.
Паскал Шеле, претставник на Националната парк-служба на Танзанија, изјави дека ветерот во меѓувреме малку го намалил интензитетот, па ситуацијата тргнала кон подобро.
Updated video I received apparently of Mount Kilimanjaro a few hours ago. https://t.co/KJ4VcNN8sx pic.twitter.com/Ad3IYRpaKA
— Benjamin Fernandes 🇹🇿 (@Benji_Fernandes) October 12, 2020
„Пожарникарите полека го смируваат огнот и се чини дека ситуацијата е под контрола“, изјави Шеле.
Стотина пожарникари, жители и студенти од оваа област се приклучија во гасењето на пожарот кој изби на непристапен терен на голема надморска височина.
Инаку, Килиманџаро годишно го посетуваат околу 50 илјади туристи.