Економија
Граѓаните се повеќе плаќаат со картички, а со тоа губат пари и се овозможува Банките да прават огромни профити
Народната банка на Македонија ги објави податоците од доменот на платежната статистика за третиот квартал од 2023 година.
Податоците покажуваат дека и во третиот квартал од 2023 година се бележи нагорен тренд во употребата на дигиталните канали за извршување на плаќањата во земјата, особено од граѓаните, како на платежните картички, така и на мобилните апликации за електронско иницирање на кредитните трансфери, т.н. платни налози.
Ова оди во корист само на Банките кои земаат процент од секоја трансакција и од трговецот како и од граѓаните кои ги користат. Така да штетат од користење на платежни картички е двојна. Фактот дека некој од Банките во Македонија се фалат со своите огромни профити и тоа по 40 милиони евра за секој квартал го потврдува ова,
Истите користејќија својата моќ (не се знае кои се нивни сопственици) ќе се обидат да направат и забрана на готовинско плаќање и со тоа енормно да ги зголемат своите профити (Данска е еден од тие лоши примери) врз грбот на граѓаните, а секако оправдание ќе најдат како и секогаш во некаква емпатија, сигурност, безбедност или останати маркетинг трикови.
Годишниот раст на употребата на платежните картички издадени во земјата за готовински трансакции и за плаќање производи и услуги во земјата од страна на граѓаните во третиот квартал од оваа година, во споредба со истиот период минатата година, изнесува 12,8% кај бројот и 10,0% кај вредноста на овие трансакции. Притоа, значителен годишен раст од 15,1% е забележан кај употребата на картичките за плаќање производи и услуги во земјата, којшто пред сѐ се должи на посилниот раст на плаќањата на физичките места на продажба од 15,9%, но и солиден раст од 9,0% на плаќањата на виртуелните (интернет) продажни места. Ова е уште една потврда од каде доаѓаат огромнитре профити.
Банките иако прават огромни профити во последно време имаат метод на невработување на луѓе на шалтери и затварање на експозитури со што тежнеат кон создавање на неверојатни гужви и со тоа суптилно терајќи ги луѓето да користат платежни картички.
Банките откако ќе наплатат процент од секоја трансакција од трговците, истите тој процент ќе го наплатат од ѓраѓаниноит и што повеќе вакви трансакции тоа поголем профит за Банките, ова е магичниот круг за кражба на народот поддржан од власта.