Економија

ФЗО го засилува надзорот над боледувањата

Контролите за издавање боледувања во 2025 година речиси се удвоиле во однос на претходната година, информира директорот на Фонд за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Според него, зголемениот надзор помага да се откријат слабостите во системот.

„Контролите продолжуваат и ни покажуваат каде постојат недостатоци. Во моментов има зголемен интерес, вклучително и барања од Министерство за одбрана“, изјави Клековски.

Во меѓувреме, ФЗО формирал работна група која подготвува измени на правилникот за боледувања. Во процесот се вклучени матични лекари, синдикати, работодавачи и здруженија на пациенти, со цел да се утврдат клучните проблеми.

Од Фондот нагласуваат дека целта не е ограничување на оправданите боледувања, туку спречување на злоупотребите и подобра распределба на ресурсите.

Клековски потенцира дека дигитализацијата е неизбежен чекор за поголема ефикасност и транспарентност, при што се анализираат искуствата од Словенија и Србија.

Дополнително, се прават анализи и за можноста за продолжување на породилното отсуство. Според Клековски, се разгледува поврзаноста меѓу боледувањата пред и по породувањето, како и финансиските импликации, со цел да се утврди дали се потребни системски измени.

Тагови

Поврзани вести