Македонија

Советот на обвинители ќе формира комисии за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК

Предвидено е формирање на Комисија за подготвување на кандидатските листи како и Комисија за спроведување на изборите. Досега до Советот на јавни обвинители пристигнале пет кандидатури...

Советот на јавните обвинители денеска ќе ја одржи педесеттата седница, на чиј дневен ред се неколку точки, меѓу кои и формирање Комисија за избор на јавен обвинител на Основното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Предвидено е формирање на Комисија за подготвување на кандидатските листи како и Комисија за спроведување на изборите. Досега до Советот на јавни обвинители пристигнале пет кандидатури.

За прв човек на Обвинителството претендираат, обвинителите од Вишото обвинителство Јован Цветаноски и Трајче Пеливанов, обвинителката од Скопското јавно обвинителство, Лидија Раичевиќ и обвинителите од Обвинителството за гонење криминал, Искра Хаџи Василева и Фатон Азизи. Абази, кому мандатот му завршува на 8-ми ноември, најави дека нема да бара втор мандат.

На 28-ми октомври, обвинителите на непосредни избори ќе гласаат за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Тагови

Поврзани вести