Енергетика
Божиновска: Домашните акумулации исполнети 70%, обезбедена стабилност на енергетскиот систем
Министерката за енергетика Сања Божиновска соопшти дека домашните акумулации во моментов се исполнети околу 70 проценти, што, како што истакна, овозможува сигурно управување со расположливиот хидропотенцијал и стабилно функционирање на електроенергетскиот систем.
Според Божиновска, актуелната состојба обезбедува добра основа за стабилно производство на електрична енергија, а надлежните институции внимателно ја следат состојбата со акумулациите и енергетскиот систем.
Таа нагласи дека Министерството и надлежните енергетски компании и во наредниот период ќе продолжат континуирано да ја следат состојбата и навремено да ја информираат јавноста за сите релевантни информации.
„Домашните акумулации се исполнети околу 70%, што овозможува сигурно управување со хидропотенцијалот и стабилно функционирање на електроенергетскиот систем. Ќе продолжиме внимателно да ја следиме состојбата и навремено да ја информираме јавноста, со цел стабилно, сигурно и одржливо снабдување со електрична енергија за граѓаните и стопанството“, порача Божиновска.
Таа истакна дека приоритет останува обезбедувањето стабилно, сигурно и одржливо снабдување со електрична енергија за граѓаните и стопанството, преку внимателно управување со домашните енергетски ресурси и навремено следење на состојбите во енергетскиот сектор.
…



