Македонија
Со дрон се „ловат“ загадувачите – од 18 летања, фатен 1 загадувач
Еко патрола со дрон лета неколку пати неделно и врши проверка, кој загадува и прави диви депонии.
„Целта е да се едуцирааат граѓаните, поготово земјоделците кои ги палат стрништата, да им се објасни дека со палењето на стрништата, се осиромаштува земјата, а воедно се загадува околината.“, рече Стеван Томовски.
Со палењето на стрништата се предизвикува и опасноста од пожари. А дронот ќе ги регистрира и дивите депонии.
„Со помош на дронот е се лоцираат и местата каде што има диви депонии, а воедно ќе се видат и луѓето кои што го оставаат таму шутот во тие диви депонии.“, изјави Томовски.
По извршените прелети со дрон над околината на градот, снимките и фотографиите се предадат како материјали на инспекторите во Град Скопје за тие да можат веднаш да реагираат на терен, да поднесат пријава и да ги гонат потенцијалните загадувачи.
„Овој проект е дел од Програмата за активностите на Град Скопје од областа на соработка со здруженија на граѓани и фондации за 2020 година. Целта на еко дрон патролата е се подобри животната средина со зголемување на мотивацијата, но и активно вклучување на локалното население, пред се земјоделците од околината на Скопје, во процесот на унапредување на животната средина и спречување во загадување на воздухот, водите, почвата и јавни зелени површини“, велат од Град Скопје.
Во 18 прелети над Скопје колку што досега се направени, регистриран е само еден загадувач.
„Пронајдовме едно палење и тоа го предадовме на Град Скопје, воедно и не можам да кажам дека тоа беа депонии, тоа беа мали места каде што луѓето од небрежност оставале отпад по излетот кај Сарај и по течението на реката Вардар, фрлале се каде што ќе стигнат.“, изјави Томовски.
Проектот Еко дрон ќе се реализира од јуни до декември. Се врши прелетување на Скопје неколку пати неделно, без претходна најавата за граѓаните.
„Еден прелет на дронот трае речиси 40-тина минути, лета на висина од 100 метри и радиус од 500 метри“, јавува репортерот на ТВ21.
Прашавме и од каде идејата за овој проект?
„Пред една недела Џефри Безос најбогатиот човек на светот, сопственик на Амазон доби дозвола федералната агенција на Америка за да испорачува, пратки со безпилотни возила, односно дрон, така што ние и Џефри Безос сме веќе исто, само една недела разлика и се надемаваме дека ова е еден иновативен прокет. Ова е како змај, едно време како деца латавме, но сега летаме дронови.“, вели Игор Ѓорѓиев од „Елипса“.
Овој проект е поддржан од Град Скопје, го спроведува Ергос и Елипса која го поседува дронот, ќе трае до месец декември