Природа

Проблемот со струшката депонија пред Судот во Стразбур

Судот ќе расправа за еден од најголемите еколошки и здравствени проблеми во Струга – депонија која се наоѓа на само 500 метри од првите куќи, во близина на реката Црн Дрим и на два километри од Охридското Езеро, велат од адвокатската канцеларија која ја поднесе апликацијата

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја допуштил апликацијата поднесена во врска со дивата струшка депонија, соопшти адвокатската канцеларија „Стојкоски и Ќатоски“. Адвокатите од Струга заедно со Здружението на млади правници ја поднесоа апликацијата во мај, откако домашните судови се прогласија за ненадлежни.

„Ова значи дека Стразбур ќе расправа за еден од најголемите еколошки и здравствени проблеми во Струга – депонија која се наоѓа на само 500 метри од првите куќи, во близина на реката Црн Дрим и на два километри од Охридското Езеро – светско природно наследство“,

велат од адвокатската канцеларија.

Апликантите, како што се наведува, се физички лица кои живеат во непосредна близина на депонијата и се постојано изложени на загадување, како и Македонското здружение на млади правници, кои го застапуваат јавниот интерес за здрава животна средина.

Тагови

Поврзани вести