ЕКО бизнис

Подметнат пожар на охридската депонија „Буково“

Пожар ноќеска е подметнат од страна на непознат сторител на депонијата за одлагање цврст отпад „Буково“ кај Охрид.

Според информациите од ЈП „Охридски комуналец“, екипи на претпријатието веднаш биле испратени на терен, каде се преземени сите неопходни мерки за локализирање и гаснење на пожарот.

„Во гаснењето на пожарот се вклучија екипите на ТППЕ од Охрид, а со специјална механизација опожарениот дел од депонијата ќе се покрива со големи количини земја“, велат од „Охридски комуналец“.

За инцидентот се известени и во СВР-Охрид, од каде ќе биде поднесена кривична пријава за подметнат пожар од непознат сторител.

Тагови

Поврзани вести