Клима
Метео: Студено утро во Македонија

Денешното утро во Македонија беше значително ладно со појава на умерена облачност и беше тивко без ветер. На многу места ова утро беа измерени и минусни температури така што во поголем дел од Македонија имаше појава на слана и на мраз.
Најниска температура од -4 степени ова утро е измерена во Берово. На табелата можете да ги видите денешните минимални температури на воздухот измерени по градови и места во Македонија ова утро до 7 часот и тоа на мерните станици на УХМР.



