Економија

Кој го овозможува грабежот на банките: Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

– Вкупните приходи на најголемата банка (според активата н.з.) изнесуваа над 32 милиони евра за 91 ден (јануари-март 2024 година). Од нив чиста добивка се 19,2 милиони евра. „Комерцијална банка“ со вакви резултати и без баластот „Фени“ многу веројатно ќе продолжи да биде една од најпосакуваните акции и главен маркет-мејкер на нашиот пазар на капитал.Добивката за три месеци е повисока за речиси 14 отсто во споредба со првото тромесечје лани.

-Стопанска банка Скопје, која објави фантастичен чист профит од над 14 милиони евра за периодот од првите три месеци од годинава.Во однос на истиот период лани кога нето добивката изнесувала 11,4 милиони евра, зголемувањето е практично за 2,7 милиони евра, покажува Билансот на успех на банката. Значи вкупните приходи на најголемата деловна банка според активата за три месеци изнесуваат над 32 милиони евра.

Пренесува faktor.mk

Ова се дел од информациите кои ги пласираат банките преку своите ПР служби во медиумите

Невидениот грабеж служи како стратегија за фалење заборавајќи дека граѓаните се принудени насилно да ги користат нивните услуги кои дебело ги наплаќаат.

Чија е заслугата за овие огромни нечовечки профити? Очигледно преку огромното влијание врз државата истата носи закони во нивна корист со која им овозможува енормно високи заработки без речисиси никаква работа илим залагање, едноставно земаш процент бидејќи сите се обврзани да ги користат твоите услуги.

Во поново време голем профит им прават и платежните електронски картички преку кои земаат енормно високи процентои при нивно користење и зато очекувањата сњ дека Банките ќе сторат се да го укинат плаќањето во готовина во што е можно поскоро време. За ова може да се увериме веќе во овој момент дека е започнат овој процес на терор и диктатура преку кои секој еден човек за секоја трансакција ќе биде приморан да плаќа процент на Банката.

 

Тагови

Поврзани вести