Економија

Земјите од Г7 постигнаа договор за затворање на електраните на јаглен до 2035 година

Министрите за енергетика на групата седум економски водечки земји (Г7) се согласија нивните земји, во борбата против климатските промени, да ги затворат електраните на јаглен најдоцна до 2035 година.

„Имаме договор за постепено укинување на јагленот во првата половина на 2030-тите“, изјави Ендрју Боуви, британски министер задолжен за енергетска безбедност, за италијанската телевизија Клас ЦНБЦ, пренесува АлЏезира Балканс.

Тој додаде дека ова е историски договор, кој не успеале да го постигнат на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени 2023 (COP28) во Дубаи.

„Прилично е неверојатно што земјите од Г7 се собираат околу масата за да го испратат тој сигнал до светот – дека ние, напредните економии во светот, сме посветени на постепено укинување на јагленот до раните 2030-ти“, рече Боуви.

Италијанскиот министер за енергетика Жилберто Пичето Фратин најави дека министрите кои ќе присуствуваат на состанокот во Торино ќе го финализираат договорот во вторник, јави Анадолија.

Тагови

Поврзани вести