Македонија

Забрана за товарни возила на Стража и Маврово-Дебар поради снег

Поради врнежи од снег утринава од 06:40 часот воведена е забрана за тешки товарни возила на аптниот правец Маврово – Дебар, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Забрана за тешки товарни возила е воведена и на планинскиот превој Стража од 04:20 часот.

Од АМСМ информираат дека денеска од 12 до 15 часот на патниот правец Кичево – Охрид кај селото Врбјани поради минирање сообраќајот ќе биде во прекин од 10 до 15 минути.

Тагови

Поврзани вести