Македонија
125 наши државјани од Данска, Шведска и Холандија вчера се вратија дома, денес доаѓа авион од Венеција
Вечерва пристигна авион со 125 македонски граѓани од Копенхаген, Стокхолм и Ајндховен, а за утре најави полн авион со нашу граѓани од Венеција.
Во објавата тој соопшти и дека денеска е направена репатријација на странски државјани затекнати во Скопје (27), со летовите од Скопје кон дестинациите од каде беа земени нашите државјани кои беа заглавени во трети земји поради состојбата со ковид -19.
Како што и претходно соопшти МНР, репатријацијата е реализирана во организација на нашите амбасади во Стокхолм, Копенхаген и Хаг, во соработка со генералниот секретаријат на Владата, МВР и Министерството за здравство.
Од МНР најавуваат дека продолжува успешната соработка и со надлежните власти на САД и Австралија во непреченото враќање на нашите граѓани затекнати на другите континенти.
Владата вчера донесе нова уредба со која ја дополни постоечката, според која, секој државјанин на нашата земја, кој влегува во земјава по 13-ти април, а бил затекнат во земји со висок ризик од коронавирус, според листата на Светската здравствена организација (СЗО), му се одредува мерката строга изолација (карантин) во времетраење од најмалку 21 ден од денот на пристигнувањето во државава.