Економија

„Гугл“размислува да наплаќа за нови функции

Американската технолошка компанија „Гугл“ размислува да воведе наплата за нови премиум функции за пребарување кои ги поренува генеративната вештачка интелигенција (AI). Оваа информација ја пренесе Фајненшл тајмс (ФТ), повикувајќи се на три анонимни упатени извори, пишува Танјуг.

ФТ вели дека тоа ќе биде најголемата промена во бизнисот за пребарување на Google и првпат компанијата да почне да наплатува за своите основни производи.

На овој начин Google би го променил својот бизнис модел кој се базира на приходите од реклами.

Доколку ова сценарио се оствари, стандардниот прелистувач на Google ќе продолжи да биде бесплатен за сите корисници.

Инженерите на Google веќе ја развиваат технологијата потребна за новата услуга, но извршните директори се уште не одлучиле дали воопшто да ја лансираат, изјави еден од анонимните извори.

Минатата година Google генерира 175 милијарди долари приход само од пребарување и поврзани реклами, што е повеќе од половина од вкупниот приход. Google е соочен со дилемата како да ја прифати врвната технологија за вештачка интелигенција без да ги загрози клучните приходи од рекламирање, заклучува ФТ.

Тагови

Поврзани вести