Вкупно 10.615 работни места во последниот квартал лани биле слободни или 2,14% од вкупниот број работни места, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најголем број слободни работни места, 2.387, прикажале услужните дејности и трговијата. Највисока стапка на слободни работни места од 4,39% има во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, каде што се слободни 847 работни места. Најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,09 % или само 7 слободни работни места. Во преработувачката индустрија слободни се 2.482 работни места. Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2,49 %. Деловните субјекти со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 2,64 %.