Економија
Во ЕУ цената на струјата се намали за цели 60 отсто, во Македонија континуирано расте
Цените на енергијата во Европската унија продолжија да паѓаат. Цените на природниот гас неодамна беа на исто ниво како во есента 2018 година и на најниско ниво од јуни 2023 година.
Цените на електричната енергија исто така беа за 60 отсто пониски во декември 2023 година отколку во претходната година, пишува порталот „Стаинлес Еспресо”.
Цената на гасот би можела уште повеќе да падне со оглед на САД и претстојната одлука за извоз на течен природен гас (ЛНГ). Иако големопродажните цени на електричната енергија се сè уште на повисоко ниво поради значителните неправилности во распределбата на цените во Европа, минималната цена на електричната енергија во ЕУ во септември 2023 година беше само 15,80 евра за мегават час, што е најниско ниво од декември 2020 година.
Во Македонија цената на струјата континуирано расте со смешни оправданија од поставените власти, а во поледните седум години е зголемена за повеќе од 100%!