Забава
Oчила на Џон Ленон и фотографии од „Битлси“ одат на аукција
Еден пар сини очила подарени од Џон Ленон на маж кој го посетувал студиото Еби Роуд наскоро ќе одат на продажба, заедно со колекција на фотографии сликани во познатото музичко студио.
Очилата кои му биле подарени на мажот во 1968 година се очекува да достигнат сума од три илјади фунти.
Фотографиите и очилата ќе бидат ставени на аукција на 31 јули, а помеѓу фотографиите има и некои кои се сликани на денот кога Битлси се фотографирале за познатиот омот на албумот како преминуваат улица.
Аукцијата ја спроведува аукциската куќа „Кетрин Сутон“ и тие велат дека очилата му биле подарени на човекот лично од Џон Ленон.
Колекцијата од 33 црно-бели фотографии слкани во Еби Роуд се очекува да бидат продадени, заедно со авторските права, за 200 до 300 функти.