Македонија

450 килограми крап во акумулација Палурци

Поголемите примероци од  крапот беше обележан уште пред да се пуштат во езерото, а бележаните примероци се најстрого забранети за лов.Доколку некој од спортските риболовци улови ваков примерок, должен е повторно да го врати во езерото.

Концесионерот за спортски риболов на акумулацијата Палурци кај Богданци изврши порибување со 450 килограми крап.

Од ЗСР „Костреш“ информираат дека од вкупната количина риба која е пуштена во езерото, 150 килограми се со тежина од 50 до 800 грамови и300 килограми со тежина од два до пет килограми.

Инаку од вчере риболовот на крап во Палурци е забранет поради мрест, а може да се лови само црвеноперка и караш.

Тагови

Поврзани вести