Клима
Од утре пониски температури, локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Максималните температури идната недела ќе се движат од 37 до 39 степени.

УХМР информира дека од утре дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во попладневните часови, како што наведува, ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.
Максималните температури идната недела ќе се движат од 37 до 39 степени.



