Македонија
ВИДЕО: Огнот сопрен пред првите куќи во Водоча, еве каква е моменталната состојба со пожарот во струмичко

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов и градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков информираа за моменталната состојба по големиот пожар кој околу пладне избувна во струмичко.
Видео плејер
00:00
00:50
-Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите, огнот е сопрен пред првите куќи и дворови во Водоча, изјави Ангелов.
На помош се пристигнати и противпожарни екипи од Валандоно и Радовиш, а интервенира и еден „Ер трактор“ на ДЗС.
Видео плејер
00:00
00:23
-Пожарот поради ветерот го менуваше правецот и се префрли од Водоча во правец кон Баница и кон Струмица. Вклучени се и голем број доброволни противпожарни единици, истакна Јанков.
Ангажирана е и градежна механизација која работи на заштитни појаси.



