Македонија

Активни четири пожари и четири под контрола

Пожари под контрола се пожарите во селото Илинден, кај делчевското село Бигла, кај село Туденце во Општина Јегуновце и во Општина Врапчиште – кај селата Ломница и Ѓерѓевиште.

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 4 се под контрола, а 25 се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи.

Активни пожари има во Општините Студеничани и Зелениково – кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер со кракот кон селата Палиград и Вражале во Општина Зелениково, во Општина Македонски Брод – кај месноста Видуш и селата Драгов Дол и Локвица, во Општина Кичево – кај селата Тајмиште и месноста Дарда и во Општина Гостивар – кај селото Горна Ѓоновица.

Пожари под контрола се пожарите во селото Илинден, кај делчевското село Бигла, кај село Туденце во Општина Јегуновце и во Општина Врапчиште – кај селата Ломница и Ѓерѓевиште.

Тагови

Поврзани вести